Металург со лош финиш запиша пораз од Стеауа за крај на турнирот во Чехов

Металург пораз

Македонскиот претставник на „Купот на Гувернерот“ во Чехов, Металург, загуби и на третиот и последен натпревар на турнирот. Денес, ракометарите од Автокоманда беа поразени од романска Стеауа 28-27 (14-13) и со нов негативен резултат го завршија натпреварувањето.

Предноста се менуваше во текот на цел натпревар. На полувреме за нијанса подобри беа Романците, но потоа металурзите ја вратија предноста и го контролираа мечот до крај. Непогрешлив беше Мице Шилегов, а Даниел Дупјачанец се надоврза со неколку одбрани и погодок од гол на гол.

Мариќ донесе +3 на пет минути до крајот, но и тоа не беше доволно за Металург. Стеауа направи своја серија, заигра цврста одбрана и успеа да го врати водството за конечна победа од 28-27.

Претходно, македонскиот тим ги загуби дуелите со Чеховски Медведи и Мешков Брест.

Новата сезона во Суперлигата за избраниците на Стојановиќ ќе започне со „братско“ дерби против втората екипа на почетокот од септември.