Металург не се откажува од елитата: Аплицира за „вајлд-карта“ за ЛШ

Поранешниот македонски ракометен првак, Металург, и покрај тоа што го загуби вицешампионскиот статус во Суперлигата, се реши да аплицира за „вајлд-карта“ за учество во Лигата на шампионите. 

Со тоа тимот од Автокоманда ќе се обиде да го сочува континуитетот во настапите во најсилното ракометно натпреварување, каде непрекинато настапува во последните осум сезони.

ЕХФ ги има етаблирано осумте критериуми за добивање на „вајлд-карта“ и тие се:

1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медиуми

Металург го исполнува најголемиот дел од овие критериуми, а во поглед на организацијата на вакви натпревари има големо искуство и позитивни оценки од страна на ЕХФ. Покрај Металург специјална покана ќе побара и Еурофарм Работник, кој оваа сезона се избори за историски успех – второ место во Суперлигата и сигурно учество во СЕХА лигата. 

Кои екипи ќе ја добијат довербата од ЕХФ ќе дознаеме на 25 овој месец.