Металург му пресуди на Бошковски, Пролет го разреши тренерот

Ракометниот клуб Пролет ја информира јавноста дека спогодбено ја прекинува соработката со шефот на стручниот штаб на првата екипа, Андон Бошковски.

Причина за ваквиот потег е серијата слаби игри што кулминирале со трите порази во низа во Суперлигата од Еурофарм Пелистер, Бутел Скопје и Металург.

На последниот клупски состанок одржан ден по натпреварот и изненадувачкиот пораз против Металург заеднички со тренерот донесена е одлука дека најдобро за клубот е да се прекине соработката.

Од таборот на Пролет му се заблагодаруваат на Бошковски за сработеното во изминатиот период и му посакуваат многу среќа во идните ангажмани.