Металург летна за Русија на силниот турнир во Чехово

Кратко траеше престојот на Металург во Скопје, откако утрово делегацијата на поранешниот македонски шампион летна за Русија.

Тимот од Автокоманда по припремите на Копаоник, тргна кон втората фаза од претсезонските подготовки и ќе настапи на силниот меѓународен турнир во Чехово (Русија), на кој, покрај Металург, ќе настапат и екипите на Чеховски Медведи, Мешков Брест и на Стеауа.

Овој турнир ќе се игра во период од 16 до 18 август и е еден од двата на кој ќе настапат младите металурзи. Турнирот во Чехово ќе се игра во спортската сала “Олимпијскиј“, со капацитет од 3000 места.

Распоред на турнирот:
16 август (петок)
16:30.: Мешков Брест – Стеауа
19:00.: Чеховски Медведи – Металург

17 август (сабота)
14:00: Металург – Мешков Брест
16:00: Стеауа – Чеховски Медведи

18 август (недела)
14:00: Стеауа – Металург
16:00: Чеховски Медведи – Мешков Брест