• Мартин Танасковски
Екипата на Металург Автокоманда продолжи да се засилува за периодот кој следи и новата сезона и потпиша договор со македонска репрезентативка.
Нов член на тимот од Автокоманда е Марија Јанкуловска, 18-годишна ракометарка која настапува на левата бековска позиција. Битолчанката важи за една од најдобрите играчи во домашната лига и се очекува да биде големо засилување.
Јанкуловска во женскиот суперлигаш доаѓа од тимот на ЖРК Ѓорче Петров, а претходно настапуваше за ЖРК Пелистер. Со двете екипи играше во еврокуповите, тоа се ЕХФ Европскиот Куп и Челинџ Купот.
Во новата сезона ЖРК Металург влегува засилен и со сестрите Борјана и Бојана Коцеви, Анастасија Величковска, Александра Коловска, Софи Гошевска, Стефани Ристиќ, Ивана Димоска, Симона Грујоска...