Металург и Заглебје двапати ќе играат во Полска во рамките на ЕХФ Купот

Шампионот на Македонија во женски ракомет, екипата на Металург се пријави за настап во ЕХФ Купот во сезоната 2019/20. Сепак, по најавите нема да биде лесно долго време да останат во ракометна Европа.  

Клубот од Автокоманда и полската екипа Заглебје Лубин се договорија на 7 и 8 септември двата натпревари од второто коло на ЕХФ Купот да ги одиграат во Полска. Иако многумина нема да се согласат со оваа одлука на скопскиот клуб, сепак претставува реалност во последните неколку години.

Македонија во европските натпреварувања ќе ја претставуваат уште и ЖРК Куманово и ЖРК Пелистер, а втора година по ред немаме претставник во Лигата на шампионите.