• Зоран Мишевски

Македонскиот претставник во Европската лига, скопски Металург двете средби со Висла Плок ќе ги одигра во Полска. Така се договорија раководствата на двата клуба, се со цел да се намали ризикот од зараза од коронавирусот.
Предлогот дојде од Висла Плоцк и е прифатен од раководството на Металург. Средбите ќе се одиграат на 14 и на 16 февруари.
14 февруари, 20:15 часот: Металург – Висла Плок
16 февруари, 18:45 часот: Висла Плок – Металург
Освен овие две средби со Висла Плок, Металург во февруари ќе одигра уште четири натпревари од групната фаза на Лига Европа.
6 февруари: Чеховски Медведи – Металург
9 февруари: Металург – Феникс Тулуз
20 февруари: Металург – Чеховски Медведи
23 февруари: Фajверс – Металург