Металург и Еурофарм сакаат „вајлд-карта“ во ЛШ, но имаат пеколни ривали!

Македонските екипи Металург и Еурофарм Работник побараа „вајлд-карта“ за ракометната Лига на шампиони, но имаат пеколна конкуренција за златните места во ракометната елита.

Според ЕХФ-ранкингот, дваесет тима, сите национални шампиони, побараа регистрација во ЛШ, меѓу нив и македонскиот и европски првак Вардар. Само националните шампиони нма седум земји (Белгија, Чешка, Грција, Израел, Холандија, Србија и Турција) не аплицираа.

Додатно, 15 клуба аплицираа за додатно место, меѓу нив и два од Македонија - РК Металург, редовен учесник во ЛШ, како и амбициозниот Еурофарм Работник кој како вицепрвак сака за првпат да игра во елитата.

Но, конкуренцијата е пеколна. За „вајлд-карта“ се борат и Монпелје, Нант, Шамбери од Франција, Кил и Магдебург од Германија, ПИК Сегед од Унгарија, Висла Плок од Полска, Спортинг од Португалија, Кристијанштад од Шведска, Ирун од Шпанија, норвешки Арендал, ГОГ од Данска и Хендбол Еш од Луксембург.

Финалната листа на сите учесници во ЛШ ќе биде позната на 21 јуни, а ќе се одреди на состанок на Комитетот на ЕХФ. Ждрепката за квалификациите ќе се одржи на 26 јуни, додека групната фаза ќе се влече на 27 јуни во Виена.

  • ТИМОВИ КОИ АПЛИЦИРАА СПОРЕД ЕХФ РАНКИНГ (20):

Мешков Брест (Белорусија)
ППД Загреб (Хрватска)
Алборг (Данска)
Барселона (Шпанија)
Кокс (Финска)
ПСЖ (Франција)
Флензбург (Германија)
Веспрем (Унгарија)
Селфос (Исланд)
Вардар (Македонија)
Елверум (Норвешка)
Киелце (Полска)
Порто (Португалија)
Динамо Букурешт (Романија)
Чеховски Медведи (Русија)
Целје Пивоварна Лашко (Словенија)
Шафхаузен (Швајцарија)
Татран Прешов (Словачка)
Савехоф (Шведска)
Бешикташ (Турција)
Мотор Запорожје (Украина)

  • АПЛИКАНТИ ЗА ДОДАТНО МЕСТО ВО ЛШ (15):

ГОГ (Данска)
Ирун Бидасоа (Шпанија)
Монпелје (Франција)
Нант (Франција)
Шамбери (Франција)
Кил (Германија)
Магдебург (Германија)
ПИК Сегед (Унгарија)
Хендбол Еш (Луксембург)
Еурофарм Работник (Македонија)
Металург (Македонија)
Арендал Елит (Норвешка)
Виспа Плок (Полска)
Спортинг (Португалија)
Кристијанштад (Шведска)