Металург и Чеховски Медведи двапати ќе играат за европски бодови во Русија

Поради карантинот во кој се наоѓа екипата на Чеховски Медведи, нема да се одигра натпреварот од петтото коло на групната фаза на Лига Европа, закажан на први декември во Скопје.

Во ова време на постојани одложувања на натпреварите, а Металург веќе ги има три, раководствата на двата клуба, во координација со Европската ракометна федерација (ЕХФ), решија двете меѓусебни средби да се одиграат во Чехово, се со цел да се избегнат дополнителни трошоци и евентуални нови одложувања.

Металург во редовниот термин на шестото коло, на осми декември, ќе и биде гостин на екипата на Чеховски Медведи, додека на 11 декември ќе го одигра и вториот натпревар во кој формално македонскиот тим ќе бидеме домаќин.

Двете средби ќе се одиграат без присуство на публика во салата „Олимписки“, а и двете средби се закажани со почеток во 18:45 часот.