Металург гради тим за иднината, ги донесе близначките Коцеви

Македонскиот суперлигаш во женска конкуренција, ЖРК Металург Автокоманда, се активира на пазарот и гради тим за иднината. Новитет во екипата се двете македонски репрезентативки Борјана и Бојана Коцеви.

Близначките кои имаат по 19 години во составот на Металург доаѓаат од таборот на ЖРК Вардар каде ги минаа сите младински категории и се афирмираа како сениорки. Двете настапуваат на бековската позиција и се очекува да бидат големо засилување за екипата.

Претходно, ЖРК Металург Автокоманда ја задржа Таида Беровиќ, како и Сара Миновска, а ги донесе и младите Анастасија Величковска и Александра Коловска.

ФОТО: ЖРК Вардар