Португалец е замената за Поповиќ во Металург

Улисес

Португалското лево крило Улисис Рибеиро од денес и официјално стана член на екипата на Металург.

Искусниот ракометар доаѓа да го пополни празното место кое го остави Милан Поповиќ. Тој ја прекина соработката со македонскиот тим и се пресели во Романија.

Рибеиро ја започна ракометната кариера во редовите на Сао Бернардо. Минатата сезона беше дел од холандското првенство, а сега ќе има шанса за докажување на терените во Македонија.

Португалецот е шестото засилување за Металург во пресрет на новата сезона.