ФОТО: Металург го почувствува теренот во Маврово, одржан првиот тренинг

Откако се комплетираше ростерот на Зоран Кастратовиќ и беа одработени базичните подготовки во Скопје, Металург вчера отпатува во Маврово, а денес веќе ги одработи првите тренинзи во ски-центарот. 

Планот е во наредните десетина дена клубот од Автокоманда да ја продолжи прво кондициската, а потоа и техничко-тактичката подготовка за новата сезона во Суперлигата, но и квалификациите за Лигата на Европа. 

Металург во првото квалификациско коло за новокомпонираното натпреварување ќе се сретне со Спачва од Винковци, а средбите се планирани да се одиграат на 29/30 август и 5/6 септември. Претходно, клубот ќе учествува на традиционалниот струшки турнир со македонските претставници и ривали.