Металург донесе македонска репрезентативка од Ѓорче Петров

Екипата на ЖРК Металург Автокоманда неуморно работи на ростерот за следната сезона и носи нови играчи.

Како следна ракометарка која ни доаѓа во тимот од Автокоманда е голманката Софи Гошевска која последната сезона ја мина во редовите на ЖРК Ѓорче Петров. Станува збор за млада перспективна голманка која е и репрезентативка на Македонија.

Претходно, ЖРК Металург ги потпиша и сестрите Бојана и Борјана Коцеви, Анастасија Величковска, Александра Коловска, а исто така го продолжи и договорот со неколку актуелни првотимки.