Металург доби нови првотимци во Шилегов, Танкоски, Димитриоски и Лазаревски

Екипата на Металург полека го составува ростерот за следната сезона, а од вториот тим во првиот ќе бидат прекомандувани четири ракометари.

Кон првиот тим на Металург, предводен од Лино Червар, во новата сезона ќе се приклучат и четворицата млади репрезентативци Мице Шилегов (десно крило), Марио Танкоски (лев бек), Димитар Димитриоски (среден бек и лево крило) и Милан Лазаревски (пикер).

Нови имиња се младите леви бекови, Словенецот Јануш Лапајне (22) и Црногорецот Божо Анѓелиќ (25), а во наредниот период се очекува потпис и со квалитетен десен бек.

Металург ќе ја претставува Македонија во ракометната Лига на шампиони, како и во регионалната СЕХА-лига.