ЖРК Металург Автокоманда убедливо се врати на домашната сцена

Екипата на Металург Автокоманда се врати на домашната сцена по меѓународните обврски и убедливо славеше над ЖРК Овче Поле (38-13) во рамки на колото во Б-групата од женската ракометна Суперлига.

По двомечот во Европскиот куп на ЕХФ во Турција, тимот од Автокоманда одигра лигашки меч убедливо и победи со висока разлика. Уште по полувремето беше јасна разликата меѓу двата тима во салата „Автокоманда“, кога Металург водеше со високи 20-7.

Најдобар стрелец кај ЖРК Металург беше Стефани Ристиќ со седум гола, пред Таида Беровиќ со пет, додека Маринчов, Трпеска, Миновска и Ѓошевска погодија по четири пати. Кај гостинот од Свети Николе, Јована Ангеловска даде пет гола.

ЖРК Металург Автокоманда во лигата има максимален учинок, три победи на три средби.