• Мартин Танасковски

Екипата на ЖРК Металург Автокоманда најави интересен тек на женската ракометна сезона, со дерби-победа во градскиот дуел со ЖРК Чаир (27-24) кој воедно беше и меч на непоразените во ракометната Суперлига кај дамите.
Бодовите од овој дуел останаа во Автокоманда и така ЖРК Чаир го претрпи првиот пораз. Металург, пак, има едно реми, но се враќа во игра за тронот во домашниот ракометен шампионат. Марија Јанкуловска беше прво име на теренот со шест гола, а Анамарија Коларовска погоди пет пати, додека кај чаирчанки Фиоре и Дамчевска имаа по шест гола.
На останатите средби кај дамите, ЖРК Вардар беше убедлив со ЖРК Астибо (38-26), ЖРК Куманово го совлада ЖРК Пелистер (25-17), додека ЖРК Ѓорче Петров беше убедлив на гостувањето кај ЖРК Спартак (55-13).
На табелата ЖРК Металург Автокоманда е лидер со 13 бода, ЖРК Чаир има 12 бода, додека актуелниот првак ЖРК Ѓорче Петров има 11 бода.

