• Мартин Танасковски
Екипата на Металург Автокоманда одигра моќно, убедливо славеше над Ред Бојс Диферданж од Луксембург (40-25) и гледа кон пласман во следната фаза на Европскиот Куп на ЕХФ кај дамите.
Тимот од Автокоманда пред својата публика одигра според планот и запиша висок триумф. Уште по првото полувреме беше јасно дека македонскиот претставник ќе забележи висок триумф, затоа што имаше 17-11 позитива над ривалот кој важеше за аутсајдер.
Како што одминуваше мечот, така разликата меѓу Металург и Диферданж се зголемуваше, за на крајот да изнесува високи петнаесет гола разлика. Анамарија Коларовска беше најдобра кај стрелците со седум гола, пред Ива Божиновска со шест, додека Петра Јершек и Сузана Зечевиќ дадоа по пет гола. Кај Диферданж, Лора Шорен имаше седум гола.
Вториот дуел меѓу Диферданж и Металург Автокоманда се игра утре (недела) исто така во Скопје.

