• Мартин Танасковски
Екипата на ЖРК Металург Автокоманда забележа успех и дојде до титулата младински шампион во првенството.
Тимот предводен од Јулијана Дамчевска во последното коло ја потврди титулата со победа над директниот ривал ЖРК Вардар.
Во младинскиот женски шампионат на Македонија имаше вкупно четири екипи, ЖРК Металург Автокоманда заврши со 12 победи на 12 меча, пред ЖРК Вардар, МРК Ѓорче Петров и РК Илинден Вардар.