Металопластика останува без најдобрите поединци за следната сезона?

Екипата на Металопластика, по подолга пауза, повторно се врати во СЕХА лигата, каде не разочара со своите настапи и приреди неколку големи изненадувања. 
 
Тимот од Шабац на чело со Веселин Вуковиќ создаде квалитетен тим, мешавина на искуство и младост, но по сè изгледа ростерот ќе претрпи нова реконструкција, но амбициите нема да се променат. 

Како што пишуваат тамошните медиуми, на излезни врати од Металопластика ова лето се крилата Алекс Кљајиќ и Виктор Матичиќ, како и голманот Тодор Јандриќ. 

Кљајиќ и Матичиќ беа меѓу најдобрите стрелци на тимот во СЕХА лигата, попрецизен од нив беше само бекот Милан Милиќ, кој исто така се раздели со тимот и во следната сезона ќе ги брани боите на Нант.