Мешков успешно го „реши“ Мотор и закажа четвртфинале со Барса

Мешков Брест му се реваншираше на Мотор Запорожје за поразот од пред една недел и со убедлив настап на домашен терен (30-23) обезбеди пласман во четвртфиналната фаза од Лигата на шампионите.

Белорускиот првак значително ја подобри одбраната во однос на првиот дуел. Овојпат секој напад на гостите беше лесно прочитан, што беше причина за убедливиот резултат на пауза во корист на домашните ракометари (16-8).

Следуваше продолжение во кое актерите изгледаа потрошено од првиот дел, па одиграа далеку под своето најдобро ниво. Голманите беа во центарот на вниманието, а бавното темпо му одговараше на Мешков, кој рутински ја одбрани позитивата. 

Ваилупау постигна седум, а Скубе го следеше со шест погодоци во редовите на домашниот тим. Пуковски очекувано се издвои кај гостите со седум реализации.

Противник на белорускиот претставник во следната рунда ќе биде најголемиот фаворит во натпреварувањето, Барселона.