ВИДЕО: Мешков Брест рутински до завршниот турнир, Мотор без шанси и на реваншот

Мешков

Екипата на Мешков Брест е вториот учесник на завршниот турнир во СЕХА лигата, кој оваа сезона ќе се одржи во Задар. Белорускиот тим покажа надмоќ и во второто соочување со Мотор Запорожје (28-33) и му се придружи на ППД Загреб меѓу најдобрите четири екипи во регионалната лига.

  • Извештај од натпреварот: 

Гостите одиграа како што посакуваа во првиот дел, изградија солидна предност и си обезбедија мирна завршница. На пауза заминаа со +4, а во продолжението само ја зголемуваа предноста и го потврдија местото на „фајнал-фор“ турнирот.

  • Играч на натпреварот: 

Украинскиот претставник немаше сили да направи пресврт и изненадување против фаворитот. Постојано беше во негатива, која достигна највисоки седум гола разлика во второто полувреме.

  • Потег на натпреварот: 

Ваилупау со осум и Акамбре со седум реализации се истакнаа кај Мешков, а Маласинскас со седум погодоци се издвои кај домашниот тим.