Мешков Брест обезбеди само два гола залиха за реваншот во Запорожје

Во веројатно најизедначениот четвртфинален пар од СЕХА лигата, екипата на Мешков Брест пред своите гледачи во „Викторија Арена“ го совлада Мотор Запорожје со 30-28 (16-15) , но Украинците остануваат во игра за пласман во полуфиналето, бидејќи следниот викенд на домашен терен ќе ги пречекаат Белорусите. 

Цел натпревар беше многу израмнет, Мешков Брест не можеше да се одлепи, заради одличниот голман на Мотор и головите од транзиција. Најефикасни во тимот на Мешков Брест беа Шурински со шест и Ваилипау со пет погодоци, а кај Мотор, Ганчев беше автор на пет, а Денисов, Маласинсас и Бабичев постигнаа по четири гола. 

Возвратниот натпревар се игра на 12 март во Запорожје.

Попладнево се игра и натпреварот меѓу Татран Прешов и ППД Загреб, а бранителот на титулата Вардар утре му гостува на хрватскиот вицешампион Нексе Нашице.