Мешков Брест не ја менува стратегијата: Шпанец ќе го наследи Каденас

Раководството на Мешков Брест се реши да не ја менува стратегијата и во иднина тимот повторно ќе биде предводен од шпански тренер. 

По заминувањето на искусниот Маноло Каденас, неговиот помошник Раул Алонсо беше именуван за привремен тренер на Мешков, но како што информираат тамошните медиуми младиот шпански стратег по крајот на сезоната ќе добие перманентан договор со белорускиот шампион. 

За 40-годишниот Алонсо ова ќе биде прво искуство како тренер на еден тим, откако претходно покрај тоа што му беше асистент на Каденас, своевремено ја извршуваше истата функција и го германскиот гигант Кил

Мешков Брест овој викенд изненадувачки го загуби и Купот на Белорусија, па единствен трофеј кој може да освои сезонава е белорускиот шампионат.