• Сашо Поповски
Норвежанката Нора Мерк важи за една од најдобрите ракометарки на денешницата. Нејзиниот талент е спречен да го достигне максимумот од честите повреди.
Пред една и пол година, на дебито во дресот на ЦСМ Букурешт, 29-годишната репрезентативка на Норвешка го повреди коленото. Долго време паузираше, за потоа да се врати во вистинско време за да ѝ помогне на својата репрезентација по осми пат да ја освои европската титула.
Денешниот меч против Ростов-Дон донесе тажна глетка за ракометните фанови. Мерк одново го напушти теренот и се фати за коленото.
Нејзините солзи кажуваат дека можна е нова повреда, која можеби и ќе стави крај на нејзината кариера. Сите се надеваат на најдоброто, а утрешните прегледи ќе утврдат дали нејзиниот Кристијанстанд треба да биде загрижен.