Мерк може да здивне, нема големо оштетување на коленото

Мерк

Солзите на Нора Мерк, една од најдобрите ракометарки на денешницата, го одбележаа изминатото коло во Лигата на шампионите.

На дуелот со Ростов-Дон, 29-годишната норвешка репрезентативка излезе од терен држејќи се за коленото. Сите веднаш помислија на најлошото, дека таа ја обнови тешката повреда која ја мачеше во изминатите неколку сезони.

Меѓутоа прегледите беа позитивни и донесоа добри вести за Норвежанката. Докторите ѝ порачаа да прави мала пауза, а потврдија дека нема никакво оштетување на лигаментите и менискусот.

Мерк правеше прегледи во Љубљана, а потоа веднаш се упати дома. Во Норвешка ќе прави дополнителни прегледи за да потврди точно што не е во ред со нејзиното колено.

Пред неколку месеци, десниот бек се врати во норвешката селекција и помогна да се освои рекордното осмо злато на Европското првенство.