ФОТО: „Merci Skopje“ - Кантегрел со емотивни фотографии се збогува од Вардар

Ракометниот колектив на Вардар ја одбрани шампионската титула во домашниот шампионат и следната сезона одново ќе се натпреварува во елитата на европскиот ракомет. 

По завршувањето на сезоната, „црвено-црните“ заминаа на одмор, а дури осум ракометари вечера против Металопластика го одиграа последниот натпревар за македонскиот првак. Меѓу нив е и францускиот чувар на мрежата Робин Кантегрел, кој по една сезона го напушта Скопје и се враќа во својата татковина. Новиот голман на Тулуз со емотивни фотографии на социјалните мрежи се прости од вардаровото семејство, а притоа напиша: „Merci Skopje“.

  • Објавата на Французинот на „Инстаграм“:

Покрај Кантегрел редовите на Вардар ги напуштија уште седум ракометари. Тоа се Јосип Векиќ, Васко Шеваљевиќ, Ловро Јотиќ, Марко Кизиќ, Кристијан Дисингер, Глеб Калараш и Иван Чупиќ.