Менсинг доби дополнителен договор, останува во Флензбург до 2024 година

Данскиот репрезентативец Арон Менсинг ја продолжи соработката со Флензбург до јуни 2024 година. Оваа вест ја соопшти клубот во неделата непосредно пред почетокот на натпреварот со Магдебург.

Менсинг, кој игра на позицијата лев бек, летово пристигна како замена за повредениот Ласе Молер.

„За многу кратко време, Арон се етаблира како важна алка за нас. Тоа го прави одлично и убедува со своите квалитети, па ни беше многу јасно дека ќе продолжиме да работиме заедно и во иднина“, изјави тренерот на Фленсбург, Маик Макула.

Флензбург и Менсинг имаа договорена соработка до летото 2023 година, а бекот сега доби продолжување на договорот за уште една година.

Инаку, Менсинг се најде на списокот на селекторот на Данска, Николај Јакобсен за претстојното Европско првенство во Унгарија и Словачка.