Мелсунген пренесува четворка, Бенфика со „нула“ против Вардар

Екипата на Мелсунген се соочи со Бенфика и ја продолжи германската серија без пораз во Европа. Бундеслигашот славеше во Португалија (30-26) и максимален оди во следната фаза.

Екипата на Роберто Гарсија Парондо во втората рунда оди со четири бода на своето конто заради двете победи со Бенфика. Бодовите кои се пренесуваат се од меѓусебните дуели на тимовите кои одат понатаму од групата.

Португалците затоа остануваат на „нула“ и не пренесуваат бодови. Вардар и Кристијанштад во својата група си поделија по една победа и така пренесуваат по два бода.

Втората фаза во Европската лига на ЕХФ започнува во месец февруари.