Мелсунген по само три меча ќе му даде отказ на Гудмунсон

Лошиот старт на новата сезона е причина за разделбата меѓу Мелсунген и Гудмундур Гудмунсон.

Бундеслигашот не е задоволен од работата на исландскиот стручњак, па поради тоа ќе му даде отказно решение. Неговото место првично ќе го заземе асистентот Арјан Хаенен.

Тимот имаше очаен старт на сезоната, со само еден освоен бод на три натпревари. Тоа не ги задоволи очекувањата на управата, која уште на стартот сака да направи промена на тренерската позиција, со надеж дека ќе ја спаси сезоната.

Наследник на Гудмунсон се очекува да биде шведскиот тренер Роберт Хедин.