Мелсунген го враќа своето „дете“, Гола во старото јато од сезоната 2026/27!

Германскиот бундеслигаш Мелсунген официјално објави дека постигна договор со капитенот на „панцерите“, Јоханес Гола, кој ќе го засили тимот од сезоната 2026/27. 

Гола ја започна кариерата во Мелсунген, по што премина во редовите на Флензбург, но оттаму ќе се врати после цели осум години и повторно ќе го носи дресот на клубот каде во 2015 година ја стартуваше својата ракометна авантура. 

За германската репрезентација Гола досега настапи на 70 натпревари и постигна 240 погодоци, а соработката со Мелсунген ќе трае до сезоната 2030/31.