• Горан Упале

Еурофарм Пелистер и Омер Мехмедовиќ се разделија, и тоа пред босанскиот ракометар да одигра и еден официјален натпревар во дресот на битолскиот клуб.
Мехмедовиќ во текот на летото беше промовиран како ново засилување на Еурофарм Пелистер и ги започна подготовките со екипата, но најверојатно не успеа да се вклопи во системот на новиот тренер Лино Червар. Двете страни постигнаа договор за прекин на соработката, па Мехмедовиќ веќе нема да биде дел од тимот кој се подготвуваше за новата сезона.
Интересно е што Мехмедовиќ си заминува без ниту еден официјален настап за „зелено-белите“, иако беше доведен како дел од летниот ростер и ги мина подготовките со екипата. Босанскиот репрезентативец во Еурофарм Пелистер пристигна од словенечки Рико Рибница и со битолчани имаше потпишано договор на една сезона.
Многу веројатно, разделбата со Мехмедовиќ нема да биде единствената промена во ростерот на Еурофарм Пелистер ова лето.





