Мукаетов по 10. ракометен настан од висок ранг во Македонија: Износивме уште еден голем проект!
Ракометната федерација на Македонија од 19 до 30 јуни годинава, беше домаќин и организатор на 24-тото Светско јуниорско првенство во женска конкуренција, во рамки на кое учествуваа 32 селекции и беа одиграни 116 натпревари во СЦ „Борис Трајковски“ и СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.





