Македонската машка кадетска репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство, откако во последниот натпревар славеше убедлива победа над Израел со 39-29.
Кадетската репрезентација на Македонија забележа нова победа во разигрувањето за пласман на Европското првенство (ЕП), ја совлада Португалија (26-25) и се пласира меѓу десетте најдобри селекции на Стариот континент.
Машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди пласман во Топ-16 на Европското првенство во Србија и ќе продолжи да се натпреварува за пласман од 9. до 16. место.
Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години ја совлада Турција со 29-27 (13-15) во второто коло од разигрувачката група за пласман на Европското првенство во Белград.
Македонските ракометни кадети ја забележаа првата победа на Европското првенство, откако во групата 1 од разигрувањето за пласман славеа убедливо против Италија со 33-23 (17-13).
Ракометната репрезентација на Македонија за играчи до 18 години ја заврши групната фаза на Европското првенство со три порази. Немаа избраниците на Горан Кузманоски среќа при ждрепката, па налетаа на силни ривали како Франција, Словенија и Шведска против која беа најблизу до изненадување.
Кадетската репрезентација на Македонија го претрпе и третиот пораз на Европското првенство во Белград, откако загуби од Шведска со 29-33. Избраниците на Горан Кузманоски пружија навистина сериозен отпор и беа во игра за добар резултат, меѓутоа недостигаше концентрација во клучните моменти и тоа се одрази на конечниот исход. По овој неуспех нашата селекција продолжува во разигрувањата за пласман.
Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство во Србија, откако во натпреварот од второто коло загуби од Франција со 36-25. Со овој неуспех избраниците на селекторот значително си ги намалија шансите за пласман во главната рунда, иако расплетот во групата ќе зависи и од останатите резултати.
Македонската кадетска репрезентација започна со пораз од Словенија (33-30) на Европското првенство кое се одржува во Белград. Нашите надежи прикажаа одлична игра на дуелот со силниот противник. Бевме максимално пожртвувани во првите 30 минути од натпреварот, но дозволивме голем пресврт на ривалот во вториот дел.
Машката кадетска репрезентација на Македонија влегува во завршната фаза од подготовките пред настапот на Европското првенство кое ќе се одигра во Србија.