Ракометарките се враќаат во Битола, ќе ја пречекаат Словенија во „Боро Чурлевски“
Со доаѓањето на новото раководство на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), националните селекции своите домашни натпревари ќе ги играат низ цела земја. Така, женската селекција во септември ќе игра турнирски натпревари во Охрид, а во октомври пак ќе биде домаќин во Битола.

