Вардар обезбеди место на Ф4 и ќе ја напаѓа шестата СЕХА-круна
Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 е вториот клуб од нашата земја кој обезбеди пласман на Ф4-турнирот во СЕХА-лигата. Со победа кај Војводина во Нови Сад (26-32) избраниците на Владо Недановски дојдоа до место на завршницата каде ќе го ловат шестиот трофеј.