Моментот кој го натера Ангеловски да го повлече тимот од терен во Турција!
Финалниот меч меѓу Мешков Брест и Еурофарм Пелистер во Болу (35-31) беше тензичен и цело време се играше доста агресивно, а првиот дел понуди и три сини картони по еден инцидент кој се случи на крајот од првиот дел. Дека овој дуел во Турција може да има неславен епилог се најави со повлекувањето на Еурофарм Пелистер од терен на три минути пред крајот.



