Во вториот тест во полн состав, ракометната селекција на Србија одигра без победник против Полска (32-32) во последниот контролен натпревар пред настапот на Европското првенство. Двете селекции се сретнаа и вчера, а на тој дуел славеа Полјаците со минимални 33-32.