Македонскиот ракометен вицепрвак Металург конечно го „скрши малерот“ во Лигата на шампионите и на домашен терен ја забележа првата радост. Во Скопје падна Чеховски Медведи, кој е совладан со 25-24 (16-10). Одличната игра во текот на клучните минути од натпреварот, како и расположените голмани, беа клуч во победата на тимот од Автокоманда. Избраниците на Брестовац, потпомогнати од трите нови засилувања Шпенде, Пучник и Рибеиро беа одлични во текот на целите 60 минути, а меѓу стативите блескаше и Никола Даниловски кој фати 16 топки.