Гакидова: Одигравме навистина лошо, но важно е дека се пласиравме на ЕП
Една од најискусните ракометарки во репрезентацијата на Македонија, Ивана Гакидова го прокоментира поразот од Словенија (27-18) во последното коло од квалификациите за Европското првенство. 31-годишната ракометарка нагласи дека одиграле лош натпревар во Велење.


