Денес во Хамбург беше извршена ждрепката за завршниот турнир во Европската лига на ЕХФ и конечно се познати полуфиналните двојки кои ќе ги дадат патниците во мечот за трофејот.
Познати се сите учесници на завршниот Ф4-турнир во Лигата на Европа, тоа се бундеслигашите Кил, Мелсунген и Флензбург, како и Монпелје која е единствена екипа од друга земја на овој настан.
Ракометарите на Лимож приредија изненадување во првиот натпревар од четвртфиналната фаза во Европската лига на ЕХФ, откако пред својата публика се изборија за реми против германскиот гигант Кил.
Ракометарите на Мелсунген се радуваа на победа над Бидасоа Ирун од 28-27 во рамките на првиот четвртфинален натпревар од Европската лига на ЕХФ. Германскиот колектив го одбрани домашниот терен, ама само со минимална предност ќе отпатува на гостувањето во Шпанија.
Македонскиот интернационалец Филип Талески и неговата Бенфика завршија со настапите во Европската лига на ЕХФ, со пораз на гости кај ГОГ Гудме (34-31, вкупен резултат 65-64 за ГОГ).
Ракометарите на Бенфика се изборија за предност во првиот натпревар од осминафиналето во Европската лига на ЕХФ. Португалскиот тим пред својата публика славеше со 33-31 над ГОГ Гудме, во натпревар полн со многу возбудувања и пресврти.
Екипата на Гумерсбах го одбрани домашниот терен и забележа победа над Мелсунген (29-26) во рамки на првиот натпревар од плејофот од осминафиналето во Европската лига на ЕХФ.
Македонскиот интернационалец Филип Талески и неговата Бенфика ја остварија целта, победија во последното коло и го потврдија пласманот во осминафиналето на Европската лига на ЕХФ.
По двете реми средби во низа, ракометарите на Флензбург славеа во германското дерби во Европската лига и од првата позиција ќе патуваат директно во четвртфиналето во второто по ранг натпреварување на ЕХФ. Во „Фленс Арената“ падна екипата на Гумерсбах со 32-30 (16-16).
Ракометарите на Кил ја оправдаа фаворитската улога и славеа на гостувањето кај Порто со конечни 30-35 во мечот од третата група во главната фаза од Европската лига.