Македонија остана без клупски претставник во Европа, затоа што ЖРК Чаир го загуби и реваншот со Славија Прага (29-33) и така се прости од настапите во евро-куповите.
Последниот македонски претставник во женските европски клупски натпреварувања, екипата на ЖРК Чаир се наоѓа пред елиминација во првото коло од вториот дел на сезоната - осминафиналето на ЕХФ Купот. Иако двата натпревари овој викенд ги игра на домашен терен, екипата која заврши на третото место во ланската сезона не е на нивото на чешка Славија.
Македонскиот женски ракомет остана со само еден претставник во евро-куповите. Елиминацијата на ЖРК Ѓорче Петров за само еден гол беше болна за нашиот шампион, но „образот го обели“ ЖРК Чаир.
Женскиот ракометен колектив на Ѓорче Петров го доби противникот за четвртфиналната фаза на Европскиот куп на ЕХФ. На извлекувањето кое го одржаа надлежните во Европската ракометна куќа, ѓорчепетровки добија ривал од Шпанија.
Европскиот Куп на ЕХФ во женска конкуренција одново нуди шанза за евро-натпревари за македонските екипи. Одново во ова натпреварување ќе настапат Ѓорче Петров, Куманово и Чаир, додека од минатата сезона недостига само Металург кој беше куп победник.
Денес се одржа ждрепката за третата рунда од ЕХФ Европскиот Куп во женска конкуренција. Сите учесници во ждрепката ги дознаа ривалите кои ќе треба да ги победат, ако сакаат да играат во Европа и по зимската пауза.
Македонија во новата ракометна сезона на меѓународна сцена ќе има четири преставници во женскиот Европски Куп. Шампионот Ѓорче Петров, Металург, Чаир и Куманово денес ги дознаа своите противници во второто квалификациско коло во ова натпреварување.
Македонската репрезентација загуби и на второто соочување со Норвешка (32-27) во рамките на ЕХФ Еврокупот. По домашниот неуспех против големиот противник, Македонија немаше сили за изненадување и на денешното гостување.