Ѓорче Петров вторпат загуби од Елче за европска елиминација
Ракометарките на Ѓорче Петров беа елиминирани од Европскиот куп на ЕХФ, откако двапати загубија од Елче во Скопје. По поразот вчера од 19-16, на денешниот реванш „лавиците“ немаа сили да се вратат и загубија овојпат поубедливо со 19-25 (10-16).

