Славчо Ристески: Презадоволен сум од екипата, се надевам на вакви успеси и во иднина!
Охрид уште еднаш го положи испитот и организира супер-квалитетен и возбудлив турнир, кој на задоволство на домашната публика, заврши со триумф на екипата на Борис Ројевиќ. Во финалната пресметка „гладијаторите“ беа поуспешни од Еурофарм Пелистер (31-26) и за првпат триумфираат на меѓународниот турнир „Крсте Андоновски“.





