Со леснотија како и пред една недела во Малта, ракометарките на ЖРК Пелистер го совладаа тимот на Ле Сал и се квалификуваа во осминафиналето на Челинџ Купот. Победата од 27-20 денес во „Боро Чурлевски“ во Битола ја следеа 500 гледачи, а тренерот на битолскиот тим Викторија Блажевска истакна задоволство од остварената цел, но и беше критична за играта на своите ракометарки.