Екипата на Еурофарм Пелистер забележа нов пораз во сезоната во Европската лига. Ремито во Гдањск се очекуваше да биде пресвртница, по дебаклот во првото коло од Ла Риоха во Битола, но вечерва „зелено-белите“ одново потфрлија и убедливо загубија од Гумерсбах со 38-28. Со овој неуспех битолчани остануваат на последната позиција на табелата во групата Г, и значително ги намалија шансите за втора фаза во ова натпреварување.