Медведев по 16 години и официјално го сруши митот за „големата четворка“

Новак Ѓоковиќ продолжува со доминацијата на АТП листата, откако од денес ја минува својата 312 седмица, што е апсолутен рекорд во светскиот тенис.

Но, денес во фокусот на тениската јавност е рускиот тенисер Данил Медведев, затоа што го сруши митот на „големата четорка“. Првпат по јули 2005 година, некој кој не е дел од „големата четворка“ на светскиот тенис е меѓу најдобрите двајца на АТП листата.

Русинот со синоќешниот триумф на турнирот во Марсеј само ја потврди својата одлична форма и од денес е втор рекет на светот, симнувајќи го од таа позиција Рафаел Надал.

Последен тенисер кој го направил овој „подвиг“ е Лејтон Хјуит пред 16 години. До овој месец, првите две места беа резервирани само за играчи кои се викаат Роџер Федерер, Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј.