Мечот на неделата ги оправда очекувањата, Пешевски е играч на натпреварот!

Мечот на неделата ги оправда очекувањата на ракометна Европа. Битола пак пулсираше со своите пелистерци, а ПИК Сегед ја почувствува „магијата“ на најдобриот ракометен амбиент во елитата година. Еурофарм Пелистер славеше со 25-24, а по натпреварот беше изран и најкорисниот играч.

Жарко Пешевски беше играч на натпреварот и со седум гола најефикасен актер во тврдиот и тежок македонско-унагрски дуел.

Пешевски ја сподели наградата со соиграчите, а ракометарите уште долго останаа да слават со навивачите во салата „Боро Чурлевски“.