Мечка побара мегафон и со „Комити“ запеа : Во градот Скопје има само еден клуб! (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар 1961 вторпат во два викенди го победија Алкалоид, овојпат со 32-33 во првото коло на плеј-офот во Суперлигата. Врзаа избраниците на Иван Чупиќ две победи над градскиот ривал, откако ждрепката ги спои веднаш во главната фаза во борбата за трофејот. 

И на овој натпревар во Автокоманда екипата на Вардар имаше поддршка од трибините од своите „Комити“ кои беа во солидна бројка. По натпреварот за време на славјето мегафонот го побара Милан Лазаревски. Популарниот Мечка побара внимание и тишина, а потоа со навивачите ја запеа песната: „Гордоста на градот“.

Вардарци имаат предност од четири бода во однос на второпласираниот Еурофарм Пелистер. Токму вечниот ривал ќе им биде следен ривал во дербито кое се игра следниот викенд во Битола.