• Мартин Танасковски

Француски Мец одигра одличен натпревар во женската ракометна Лига на шампиони и се наоѓа на чекор до Ф4-турнирот, затоа што во првиот дуел, во Романија, славеше кај ѕвездениот ЦСМ Букурешт (26-31).
Гостинот беше доминантен, а дека ќе атакува на триумф, најави уште на стартот, кога поведе со резултат 0-5 и скоро десет минути го задржа домаќинот без постигнат гол. Позитивата се задржа и до полувремето (11-14), а во вториот дел, романскиот првак константно бркаше негатива, но ниту еднаш не успеа да спушти под два гола.
Најдобра кај Мец беше Смитс со шест гола, а Едвиге постигна пет, додека Канор заврши со четири погодока, а кај ЦСМ Букурешт, убедливо прво име беше некогашната вардарка Јованкаа Радичевиќ, која даде десет гола, а ја следеше Андреа Лекиќ со девет гола.
Реваншот кој ќе го даде патникот на Ф4-турнирот во Будимпешта ќе се игра на 13 април.