• Саше Љолес
Ракометарките на францускиот Мец ја освоија титулата во Лигата на шампионите на ЕХФ, откако успеаја да го турнат од тронот унгарскиот Ѓер, во финалниот натпревар кој заврши со конечен резултат 31-29.
Французинките имаа само минимална предност по истекот на првите триесет минути (17-18), но прикажаа извонредна игра во вториот дел, со која стигнаа до највисоки +6 и го најавија походот кон победата.
Се обиде Ѓер да го возврати ударот во последните десетина минути, се врати на -2 гола, но Мец успеа да го задржи налетот на домаќинот и на крајот славеше победа со која се искачи на највиското место во елитното натпреварување.
Најдобра ракометарка кај победниците беше извонредната Сара Буктит со 12 гола, а на спротивната страна, седум погодоци имаше Бразилката Алмеида Де Паула.



